Finance Think, како членка на меѓународната мрежа People Powered, учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики преку споделување на своите алатки и искуства од партиципативно буџетирање во земјата.
На денешната средба дискутиравме за претстојните активности за развој на ресурси и градење капацитети за инклузивни практики за маргинализирани лица.