Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.
Краткорочни цели на проектот се:
- Да го анализира и мониторира обезбедувањето социјални услуги од локалните јавни институции од сите аспекти (оттука, 360o мониторинг), со клучен акцент врз ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп.
- Да осознае во која мера обезбедувањето јавни услуги е потпомогнато од приватниот и граѓанскиот сектор.
- Да го процени степенот на соработка на локалните засегнати страни и јавните установи што испорачуваат социјални услуги.
- Да ги разбере перцепциите и искуствата на локалното население во однос на испораката на социјалните услуги.
- Да ги поттикне носителите на локални политики да донесуваат информирани одлуки базирани на докази.
- Да ги зајакне капацитетите на сите засегнати страни за поквалитетна испорака на социјални услуги.
- Да ја зголеми јавната свест за влијанието на социјалните услуги врз личната и општествената благосостојба.
Времетраење: Ноември 2018 – Март 2019
Донатор: Европска Унија преку Фондацијата Отворено Општество Македонија и Еуротинк