Програмата за личен развој успешно заврши! 🎉

📃 На 50 вработени во компанијата Comfy Angel од Прилеп, кои активно учествуваа во 🚀 Програмата за извонредност и личен напредок (ПИЛН) им доделивме сертификати што ги потврдуваат стекнатите вештини и знаења за зголемување на продуктивноста и јакнење на човечкиот капитал.
🔢 Оваа програма е дел од нашите напори да ги примениме податоците и наодите од анализите директно на терен, во реалниот сектор.✅️ Нашата цел е да создадеме суштински промени кои ја подобруваат работната средина и личниот развој на секој вработен и го отклучуваат женскиот економски потенцијал.
👱‍♀️Несомнено, задоволството на учесниците во програмата е на високо ниво. Тоа го потврдуваат и нивните коментари како „За прв пат почувствуваме дека некој мисли и на нас, работниците“, „Благодарни сме за можноста да научиме многу нови работи“ и „Се чувствува промена“.

Се одржа Регионална дебата за јавни политики

📣 Денес се одржа Регионална дебата за јавни политики „По кризата со цените на храната: Патоказ за прехранбена самоодржливост во регионот на Западен Балкан – Научени лекции и патот напред“.
🗣 На дебатата дискутиравме за зависноста од увоз на прехранбени производи, потребата од рамномерен регионален развој и адаптација на климатските промени, како и регионална соработка во регионот на Западен Балкан.

Економистите од WEBecon Network во подкастот „Каде се парите?“

Бојкот. Незадоволство. Скапотија.
Регионот се бунтува против високите цени во продавниците.
Но, дали кризата е при крај и ова се само последните, задоцнети последици од неа?
Дали регионот во овие четири години сериозно осиромаши?
Дали ако имаме нова криза, ќе може да се справиме со неа?
Одговорите на овие дилеми ги даваат нашите економисти од WEBecon Network:
📌 Марија Башеска од Finance Think, Северна Македонија
📌 Војин Голубовиќ од ISSP, Црна Гора
📌 Лазар Ивановиќ од Centar za visoke ekonomske studije – CEVES, Србија
📌 Амела Курта од CREDI, Босна и Херцеговина
Во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов на Pari.com.mk.
👇👇👇
https://www.youtube.com/watch?v=mFkYg0UkKJA