Видеото е достапно овде.
Прочитајте го нашиот најнов ФТ Став 58 за данокот на ектра профит
Може да му се пристапи овде.
ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит
Во својот ФТ Став. Бр. 57 за предложената даночна реформа од 12 август 2022 година, Finance Think заедно со Групата ЦИВИТАКС се произнесе по однос на тогаш-предложените даночни измени. Во точката 5, а во контекст на тогашната намера да се воведе прогресивен данок на доходот од труд, Ставот беше:
Ставот на [Finance Think] е дека во перспектива Северна Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.
Уште во декември 2022 година, Владата ја отвори дебатата за воведување данок на ектра профит, под назнаката солидарен данок, а веќе предлог-законско решение беше доставено со парламентот на почетокот на 2023 година, по чие неусвојување, владата одлучи да го поднесе повторно во забрзна постапка во јули 2023 година.
Во 2022 светот, а посебно Европскиот континент и, оттука, Северна Македонија искусија значајно зголемување на цените на основните прехранбени производи и енергијата. Тоа придонесе фирмите кои ги произведуваат и/или преработуваат овие производи да остварат вонредно високи профити. Данокот на екстра профит во вакви околности, односно кога се остваруваат високи профити поради пазарната конјунктура, а не поради специфични фактори за фирмата, е оправдан.
Сепак, во контекст на намерата на владата да воведе данок на екстра профит во јули 2023 за профитот остварен во 2022 година, критични се две точки:
- Начинот на кој е конципиран, предлог-Законот за солидарен данок не може прецизно и до крај да го опфати екстра профитот кој резултирал од пазарната конјунктура. Поточно, во моменталниот дизајн, ќе се појават две групи фирми чие (не)оданочување прави индивидуална или општествена штета:
-
- Од една страна, зафатени ќе бидат и фирми кои оствариле вонреден профит како резултат на свои специфични фактори (претходни инвестиции, освоени нови пазари, подобрена продуктивност и ефикасност итн.),
-
- Од друга страна, ќе бидат изоставени фирми, па дури и цели сектори, кои во континуитет имаат високи профити вклучително и поради пазарната структура, но кои нема да потпаднат под овој данок бидејќи нема да го исполнат условот за пораст на профитот за најмалку 20% над просекот од претходните години.
2. Законот ќе има ретроактивно дејство, што – надвор од правниот момент – не е добра пракса и оневозможува предвидливост и можност за адекватно планирање. За предвидливост и планирање, дискусијата денес може да се однесува за евентуална интервенција кај кој било данок почнувајќи од 2024 година па натаму.
Оценка на наодите од пилот-мерката „Направи ја декларираната работа привлечна за работодавачите и работниците.“
Целта на проектот е да се оценат наодите од пробната мерка “Направете го декларираниот работен однос привлечен за работодавачите и работниците”, да се вградат во македонскиот правен и економски контекст и да се предложат решенија што го поддржуваат преодот кон формалност.
Клиент: Меѓународна организација на трудот