Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан

Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.

Continue reading

Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет

Општата цел на акцијата е да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки, на национално и локално ниво, и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари.

Continue reading

Нашите студии во истражувачка база на СЗО

💾 Дел од нашите истражувања за економско-социјалните ефекти од ковид-19 објавени во текот на 2020 и 2021 година се селектирани како влијателни и содржани во истражувачката база за ковид-19 на World Health Organization (WHO).
 
🔗 bit.ly/3QMcqdU

Презентација на наоди на Универзитетот од Илиноис во Чикаго

Со презентацијата на истражувањето “Трансмисиски механизам од управувањето со јавните финансии до (подобри) здравствени и образовни исходи во Западен Балкан“, нашата Blagica Beba Petreski го заокружи престојот на University of Illinois Chicago, во рамки на The Fulbright Program поддржана од U.S. Embassy North Macedonia.

Finance Think во посета на People Powered во Њујорк

Нашата Благица Петрески е во посета на People Powered – Глобалниот хаб за партиципативна демократија од Њујорк, САД.
 
Со Џош Лернер (на фотографијата), дискутиравме за тековните заеднички #иницијативи и бевме во обиколка на неколку комплетирани проекти на Бруклин кои функционираат благодарение на партиципативното буџетирање кое хабот го промовира и помага.
 
Finance Think е пионер во #партиципативното буџетирање во општините во Северна Македонија. На оваа тема, следете не’ во новите иницијативи во текот на 2023!