Главната цел на проектот е промоција и поттикнување родова еднаквост и недискриминација при вработување и на работното место.
Краткорочните цели на проектот вклучуваат: 1) да се проценат ставовите на работодавачите за родовата нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место и механизмите за нивно спречување и заштита; 2) да се испитаат искуствата на работниците во врска со родовата нееднаквост и дискриминација и да се процени дали тие се сведуваат на изолирани случаи или се систематска појава; 3) да им помогне на креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки засновани врз докази, податоци и препораки; 4) да се поттикне социјален дијалог помеѓу клучните засегнати страни (работници, работодавци и носители на политики); 5) да се зголеми јавната свест за регулаторната рамка за заштита од родова нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место.
Донатор: Фондација отворено општество
Времетраење: ноември 2019 – мај 2020