Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход

Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Да се оцени влијанието на најавената даночна реформа врз сиромаштијата, нееднаквоста во доходот, однесувањето на вработеноста и буџетот на земјата;
  • Да се процени рефлектираното и очекуваното однесување на засегнатите страни (работодавци и вработени);
  • Да ги насочи креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки врз основа на докази, податоци и препораки;
  • Да се зголеми јавната свест за потенцијалното влијание на најавената даночна реформа.

 

Донатор: Balkan Monitoring Public Finance / Аналитика Тинк Тенк

Времетраење: јануари-август 2019

 

360o мониторинг на обезбедувањето социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Долнени

Општа цел на проектот е подобрување на испораката на социјалните услуги на локално ниво, преку зголемување на капацитетите на локалните засегнати страни и вклучување на граѓаните во овој процес, во општините Прилеп и Долнени.

Краткорочни цели на проектот се:

  1. Да го анализира и мониторира обезбедувањето социјални услуги од локалните јавни институции од сите аспекти (оттука, 360o мониторинг), со клучен акцент врз ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп.
  2. Да осознае во која мера обезбедувањето јавни услуги е потпомогнато од приватниот и граѓанскиот сектор.
  3. Да го процени степенот на соработка на локалните засегнати страни и јавните установи што испорачуваат социјални услуги.
  4. Да ги разбере перцепциите и искуствата на локалното население во однос на испораката на социјалните услуги.
  5. Да ги поттикне носителите на локални политики да донесуваат информирани одлуки базирани на докази.
  6. Да ги зајакне капацитетите на сите засегнати страни за поквалитетна испорака на социјални услуги.
  7. Да ја зголеми јавната свест за влијанието на социјалните услуги врз личната и општествената благосостојба.

 

Времетраење: Ноември 2018 – Март 2019

Донатор: Европска Унија преку Фондацијата Отворено Општество Македонија и Еуротинк