Денес одбележуваме две години од нападот врз #Украина – датумот со кој се поврзува почетокот на кризата со цените на храната и енергијата.
По тој повод, нашиот најнов Бриф за политиките испитува кој најмногу искористи од владините пакети антикризни мерки.
Мерките спасиле значаен #удел од доходот на домаќинствата, посебно на #посиромашните домаќинства и посебно мерките од #последниот пакет кои се во сила во текот на оваа 2024 година.
Меѓутоа, со тоа што значаен контингент од мерките беа #нетаргетирани, особено од #првиот пакет, тие доделиле/спасиле поголем #износ на доход кај побогатите домаќинства.
Иако таргетираноста на мерките од третиот пакет е најголема од сите три пакетa, сепак најмалку две од мерките носат ризик од зголемено буџетско оптоварување. Особено, поддршката за #пензионерите останува со релативно широко таргетирање и наликува на #предизборна мерка.
Анализата е поддржана од SMART Balkans.