Finance Think ја претстави најновата прегледна #студија „Младите на пазарот на трудот“ на конференцијата “Низ призма на младите: Зголемување на младинскиот потенцијал на пазарот на трудот во градење на иднината што ја посакуваме“, организирана од UNDP MK.
Состојбата со младите на пазарот на труд континуирано се подобрува, иако тие остануваат во понеповолна позиција во поглед на другите возрасни групи
Образованието и стекнувањето вештини се клучни во современото општество. Квалитетното образование и развивањето вештини во области како информациска технологија, иновации и претприемништво можат значително да ги зголемат можностите за успех и да придонесат за економскиот развој на земјата