Денес сме горди да објавиме потпишување Меморандум за соработка со Фискалниот совет на Република Северна Македонија!
Овој Совет, основан првпат во 2023 година, игра клучна улога во надгледувањето на #фискалната политика, обезбедувајќи отчетност и транспарентност во користењето на јавните финансии.
Нашата #соработка ќе вклучува заеднички иницијативи во областите на фискалната анализа, одржливоста на јавниот долг, ефикасноста на јавното трошење, мониторингот на капиталните инвестиции и други слични области.