Економските #користи од процесот на пристапување кон ЕУ се најзначајни

Секоја влада гледа #краткорочно. Со промената на власта, нови политики, но секогаш само до следните избори. Пристапувањето ќе поддржи долгорочна цел и #визија

Популизмот ги поткопува структурните #реформи. Пристапувањето ќе осигура конзистентна имплементација на реформите во трите столба: образование, здравствена и социјална заштита и институции, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе донесе подобар животен стандард

Многу трошиме #непродуктивно. Пристапот до повеќе и поразновидни фондови на патот кон ЕУ ќе осигури и поголем буџет и попродуктивно трошење