Главната цел на анализата е да генерира длабинска мапа за различните аспекти на сиромаштијата кај децата и да воспостави здрави и темелни емпириски докази.

Поконкретно:

  • да ја прикаже сиромаштијата кај децата во смисла на демографски и географски индикатори, вклучително и профил на деца кои се изложени на најголем ризик од сиромаштија и, следствено, од исклучување;
  • да разбере како се поврзува детската сиромаштија со целокупната сиромаштија во домаќинствата;
  • да се испитаат недоходните аспекти на детската сиромаштија, пред се образованието – вклучително и предучилишното образование – и здравјето, и да се постават основи за нивната повеќедимензионалност; и
  • да се користат создадените докази за зголемување на свеста на јавноста и носителите на одлуки за ова прашање и за застапување за прилагодување на добро-насочени политики и мерки за подобрување на специфичните резултати релевантни за децата што ја намалуваат детската сиромаштија во земјата.

Клиент: УНИЦЕФ

Recommended Posts