Finance Think, заедно со колегите макроекономисти од централните банки и министерствата за финансии од регионот, учествуваше на настан за размена на искуства и модели за проекции во Западен Балкан, во Загреб, Република Хрватска.
Го претставивме нашиот економетриски модел за продукција на годишната проекција за растот на БДП, како и моделот МК-МОД.
Настанот беше организиран од World Bank Croatia во склоп на Macro-learning Peer Events.
Горди сме што работата на Finance Think е препознаена на регионално ниво.