Анкетата на нерегистрирани микро-претпријатија 2022 е микро-анкета од индивидуи и групи индивидуи кои вршат нерегистрирана деловна активност на територијата на Република Северна Македонија. Анкетата ја дизајнираше Finance Think, а ја спроведе професионална агенција за теренски анкети во мај 2022 година. Крајната цел на анкетата е располагање со опсежни податоци за анализа и испитување на појавните форми и факторите за сивата економија во делот на нерегистрираните микро-вршители на деловна активност.
Анкетата е спроведена на хетероген примерок од 151 испитаник.
Прибирањето на Анкетата беше овозможено со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Прашалникот е достапен тука.
Базата на податоци е достапна за заинтересирани страни, само во просториите на Finance Think и под одредени договорни односи. Во случај да сакате да ја користите базата на податоци, испратете барање на info@financethink.mk