Партиципативно буџетирање и родово одговорно буџетирање се две алатки кои даваат резултати во креирањето поефективни, ефикасни и инклузивни политики.
Finance Think ги применува овие алатки и креира наоди за нивното влијание. Минатата недела, како членка на меѓународната мрежа People Powered учествувавме на годишната средба на мрежата, која се одржа во Варшава, Полска.
Нашите наоди, искуства и практики беа промовирани во воведната сесија, во присуство на учесници од 47 земји.
Истовремено, ги збогативме нашите знаења за иновативните демократски алатки за градење подобри и поинклузивни политики.