📣 Сега, правиме резиме на исполнувањето на ветувањата на Владата за периодот 2020-2024, во економско-социјалниот домен, врз основа на нашето четиригодишно следење „Економски компас“. 🌟
Резултатот е скоро #ФифтиФифти ‼️
51% од дадените ветувања се неисполнети ❌❌
📍 Економијата не постигна одржлив, забрзан и инклузивен економски раст од 4% до 2024 📉
📍 Инвестициите за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност останаа далеку под ветените 2 милијарди евра 🚧🚫
📍 Стапката на невработеност не се симна на едноцифрено ниво, и покрај ветувањето, а индикаторите за вработеноста и активноста на младите и жените забележаа пад или стагнација, наспроти ветените зголемувања 📊🔻
📍 Прагот за ДДВ регистрација не беше подигнат на 3 милиони денари, и покрај ветувањето 💼❌
49% од дадените ветувања се исполнети ✅✅
📍 Износот на странски инвестиции значајно го надмина ветувањето од 1 милијарда евра, за четиригодишниот период 💼🌍
📍 Минималната плата порасна многу повеќе од ветените 20-40% 📈💸
📍 Просечната плата порасна многу повеќе од ветените 20-30% 📊💰
Продолжуваме со проширена верзија на „Економски компас“, со следење поширок сет економски, социјални, развојни индикатори, со посилен фокус врз младите и жените. 👩‍🎓👨‍🎓👩‍💼👨‍💼
Акцијата е поддржана од Civica Mobilitas. 🤝

Recommended Posts