АНКЕТА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА 2017
Анкетата за квалитетот на животот во Македонија 2017 е микро-анкета од индивидуи и домаќинства на територијата на Република Македонија. Анкетата ја дизајнираше Finance Think, а ја спроведе професионална агенција за теренски анкети во периодот мај-јуни 2017 година. Крајната цел на анкетата е располагање со опсежни податоци за анализа, испитување и симулирање на ефектите од економските политики во Македонија.
Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства и опфаќа 4.071 индивидуа.
Анкетата опфаќа неколку од аспектите на квалитетот на животот. Таа располага со податоци за следните теми:
- Демографски карактеристики (пол, возраст, образование и сл.)
- Здравствена состојба на испитаниците
- Социо-економска состојба и средства на домаќинството
- Потрошувачка на домаќинството
- Доход во домаќинството (плата, пензија, кирија, камата, дивиденда, социјални примања, дознаки од странство)
- Пазар на труд: статус и карактеристики на работното место
- Кариерна патека и мината заработувачка на пензионери
Прибирањето на Анкетата беше овозможено со поддршка на Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје, а во рамки на проектот на Finance Think: „FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство“.
Прашалникот е достапен тука.
Валидацијата на базата на податоци е достапна тука.
Базата на податоци е достапна за заинтересирани страни, само во просториите на Finance Think и под одредени договорни односи. Во случај да сакате да ја користите базата на податоци, испратете барање на info@financethink.mk